ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

 

Не можам да пратам порака со POP3 клиент (Outlook Express, Thunderbird, Eudora Mail...)

При подесувањето на Вашиот POP3 клиент за работа со @freemail.com.mk адресите, треба да внесете POP3 Incoming сервер (служи за примање на пораките) и SMTP Outgoing сервер (служи за праќање на пораки).
POP3 серверот е: mail.freemail.com.mk
Во полето SMTP сервер треба да го внесете SMTP серверот на Вашиот Интернет провајдер. Оваа информација побарајте ја од провајдерот преку кој се конектирате на Интернет.
 

 

FREEMAIL WEB Пристап

NETSCAPE COMMUNICATOR 4.6/4.7
За да го користите FREEMAIL WEB пристапот без проблеми потребно е како подразбирлива кодна страна да се постави Cyrillic (windows-1251).
Процедурата е следната:
Преку менито View, Character Set одберете Cyrillic (windows-1251), а потоа на истото место одберете Set Default Character Set.

NETSCAPE COMMUNICATOR 6
Можно е при најавување да се појави порака за грешка, повторно вчитајте ја страницата преку копчето RELOAD.

 

ЗАБОРАВЕНИ ЛОЗИНКИ

Во случај да ја заборавите лозинката, потребно е користејќи го формуларот за контакт или на info@freemail.com.mk да ни ги пратите податоците кои сте ги внеле при регистрирањето на адресата, и тоа : Име и Презиме, поштенска адреса, телефонски број и година на раѓање.
За да ја смениме лозинката податоците мора да се совпаднат.
Не заборавајте да ни пратите и АЛТЕРНАТИВНА E-mail адреса за контакт.

 

ОГРАНИЧУВАЊА

Максималната големина на пораките кои ги чувате е 5000000 B (приближно 5MB).
Максималниот број на пораки во сандачето е 200.
Ако било кое од ограничувањата е прекорачено, новите пораки нема да стигнуваат во сандачето и ќе се враќаат на праќачот со порака за грешка.

Максималната големина на една порака е 2000000 B (приближно 2MB).